Глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот ги промени нашите навики преку ноќ. Препораките да се остане дома и да се одржи социјалната дистанца драстично го променија начинот на кој купуваме. Онлајн купувањето забележува огромен пораст, а со тоа се наметна и потребата компаниите своите производи и услуги да почнат да ги нудат онлајн.
Купувањето онлајн носи нови предизвици. Како да бидеме сигурни дека ќе го добиеме производот или услугата на време? Дали навистина е квалитетен тој производ? Каква е корисничката поддршка?
Онлајн рецензиите се токму еден од главните фактори за успех. Според статистиката, 82% од купувачите читаат рецензии за локалните бизниси, пред да направат онлајн нарачка.
Со цел појасно претставување за потребата и предноста на рецензиите споделени од купувачи особено во е-трговијата, EmbedSocial организира бесплатен вебинар каде што ќе дискутираме на следниве теми:
- Како влијаат онлајн рецензиите (поткрепено со статистики)
- Зошто се важни онлајн рецензиите за е-трговијата?
- Како да го зголемите бројот на рецензии од Вашите купувачи?
- Како EmbedSocial им помага на e-продавниците во нивната онлајн репутација?
- Сесија за прашања и одговори
Кога: 23 јули 2020 (четврток)
Време: 19 часот
Тема: Зошто се важни онлајн рецензиите за е-Трговијата?
Линк за регистрација: https://zoom.us/webinar/register/8915946371370/WN_nketxgBhTp2Ti3HCF8O3AQ
*Вебинарот ќе се одржи на англиски јазик.
Остави коментар