Сите приказни вреди да се споделат … Некои, исто така, вреди да се прослават!
Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!
Што се е потребно за да го пласирате вашиот бизнис на Американскиот пазар?
Каков storytelling и дигитален маркетинг се користи на тој пазар?
Како да пристапите и преговарате со инвеститори?
Слушнете ги приказните на две успешни Американски бизнис жени кои исто така ќе ви дадат одговор на овие прашања, преку практични работилници.
Womenpreneurs Stories S01E04: Scaling in the US market е вистинската можност за вас! 19.04.2018, четврток, Public Room!
Womenpreneurs Stories S01E04 Speakers:
Gillian Muessig, Seattle, USA:
https://www.linkedin.com/
Anne Kennedy, Philadelphia, USA:
https://www.linkedin.com/
Leader & initiator Nina Nikolikj:
https://www.linkedin.com/
Gillian Muessig е ко-основач на Moz и brettapproved, извршен директор на Outlines Venture Group и генерален партнер на Sybilla Мasters фонд. Три години Џилијан била дел од Техничкиот советодавен одбор на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Anne Kennedy е претседател на Outlines Venture Group, автор на Global Search Engine Marketing и коосновач на најголемиот конзорциум во светот за дигитални маркетинг компании.
Тие се дел од одбори на советници и директори во компании на четири континенти.
Заедно, овие сериски претприемачи им имаат помогнато на повеќе од 1.000 онлајн компании да започнат, да растат и да напредуваат. Во 2018 година, Ен и Џилиен го лансираа Venture Capital фондот Sybilla Masters Fund (Серија А), основан за поддршка на “еднорози во непоседливите полиња”.
Агенда:
18:30-19h Регистрација
19:00-19:05 Нина Николиќ претставување и вовед
19:05-19:20 Приказната на Џилиен Муесиг
19:20-19:50 Работилница: Investors love to ask, founders need to know!
19:50-20:05 Прашања од присутните
20:05-20:20 Приказната на Ен Кенеди
20:20–20:45 Работилница: Low or No-Cost Ways to Win In Search Engines
20:45 -21:00 Прашања од присутните
21:00 – Вмрежување
Бидете дел од ова издание на Womenpreneurs Stories.
Gillian Muessig и Anne Kennedy се #SwissEP Entrepreneur-In-Residence од Сиетл, САД, кои работат со инвеститори, стартапи и организации во Македонија.
EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската програма за претприемништво, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.
Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Public Room и Grouper.mk.
Secure your spot: https://grouper.mk/deal/
Преземено од Facebook Events.
Остави коментар