По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв – меѓународни денови на акција“, Фондацијата Метаморфозис во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија ќе организира трибина на тема безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите.
Трибината ќе се одржи на 19 октомври, од 11 до 13:30 часот во ГЕМ клубот во Скопје, а ќе присуствуваат тројца говорници: Предраг Тасевски од cybersecurity.mk, Виолега Ѓорѓиевска од Internet Hotline Provider – Macedonia и М-р Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
Истиот ден од 14 до 16 часот, во просториите на ГЕМ клубот ќе се одржи и работилницата за безбедно користење на мобилни телефони, а тренер ќе биде Предраг Тасевски. Местата за посетители на работилницата се ограничени, па поради тоа оние што сакаат да учествуваат треба се пријават на овој формулар (http://goo.gl/forms/
Иницијативата (www.freedomnotfear.org), благодарение на Фондацијата Метаморфозис, е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа 2015 година како партнер се вклучува и коалицијата „Граѓаните за Македонија“.
Преземено со дозвола од Metamorphosis
Остави коментар