Startup Grind Skopje по единаесетти пат на 24 март ќе биде одржан во просториите на Seavus Incubator од 17:30 до 20:30 часот.

Гостин говорник на единаесеттото издание на Startup Grind Skopje, овој пат е Нина Ангеловска чие име е добро познато во индустријата.

Нина е неyморна и инспиративна млада жена која се осмели да започне нешто во време кога само 1% од онлајн плаќањата се вршат со користење на кредитни картички. Предводено со страст за да го промени ова и да остави трага во бизнисот во Република Македонија, со длабоко знаење и упорност, Нина и нејзиниот тим успеаа да придонесат за зголемување на онлајн продажбата во Македонија за повеќе од 600%.

Денес Grouper.mk е водечки сајт за е-трговија во земјата. Она што е уште повеќе зачудувачки е што Нина и нејзините ко-основачи успеаa да создадат тим кој носи барем едно ново иновативно решение на секои 6 месеци.

Нина ќе го сподели своето искуство на следните теми:
– Како да се изгради бренд од нула: како Групер стана синоним за онлајн продажба во Македонија?
– Стратешки раст: како да се заземе повеќе од 40% од вкупниот пазар со е-трговија во земјата?
– Како да се разликувате од конкуренцијата и да ја направите ирелевантна?
– Клучот за задоволството на клиентите: како да се изгради лојална база на клиенти?
– Како да се вработат луѓе кои ќе се вклопат со културата на компанијата?
– Како да се изгради и одржува култура на постојани иновации?

 

Остави коментар