Како се креира производ, како се води бизнис и маркетинг , и како се справуваш со стартапи како инвеститор?
Овие прашања ќе бидат одговорени на десетиот Startup Grind Skopje кој е закажан за 29-ти октомври со почеток во во 17.30 часот во Coffice.
Првиот говорник е Катерина Стојановска, ко-основач на маркетинг агенцијата IM.mk, и основач на Embed Social, стартап за испраќање на Facebook нотификации за да се потикне интеракција помеѓу брендот и корисникот. Таа ќе открие неколку тајни за водење на старатап, од креирање производ и бизнис стратегија, до планирање маркетиг и предизвиците со кои се справува овој стартап.
Ќе има и претставување на South Central Ventures, новиот инвестициски фонд кој влегува на Балканот со 40 милиони евра. SC Ventures има канцеларии во Скопје, и од тоа што го дознавме од првото интервју до директорката на скопската канцеларија, Татјана Забасу, фондот е отворен за амбициозни идеи и стартапи кои сакаат да го освојат светот, независно од нивната големина. На Startup Grind ќе гостува Ивана Станковиќ, менаџерот за инвестиции во SC Ventures која ќе зборува за интересот на фондот во стартапите, за дали бараат добар тим или добар производ, и за фазите на развој во кои ќе се инвестира.
Startup Grind Skopje е локално претставништво на глобалната Startup Grind заедница, која едуцира, поврзува и инспирира претприемачи. Поддржана е од Google for Entrepreneurs. На светските настани, меѓу другите, говорници биле основачот на Pinterest, LinkedIn, Digg, Meetup, Basecamp, и познатите Steve Blank и Clayton Christensen. Во Скопје некои од минатите говорници се Митко Цабевски од uPlug.me, министерот Веле Самак, Даниела Милошеска од Bastet Noir, тимот на Tesseract Interactive, Игор Трајковски од Time.mk… Не го пропуштајте настанот на 29-ти октомври со Embed Social и South Central Ventures. Карти може да резервирате на Eventbrite за 300 денари (5 евра).
Извор: IT.mk
*Споделено преку формата за споделување настани на itnastani.mk
Остави коментар