Сигурни сме дека се соочувате со милион прашања во врска со започнување на вашиот бизнис. Со вашата идеја и одличен тим можеби сте на добар пат за креирање на следната успешна старт-ап приказна, но по тој пат ќе се сретнете со многу препреки!
Што ти е навистина потребно за да започнеш старт-ап?
Ниту една книга, блог, ниту туторијал не може да те научи. Најбрзиот и најлесен начин да научиш како да изградиш успешен стартап е да црпиш информации и да ги дознаеш триковите од успешните претприемачи кои веќе го направиле тоа.
На оваа ‘Од Идеја До Успешен Бизнис’ – СтартАп Академија ќе имате можност да учите од следниве локални експерти:
1. Ева Пиперевска – Што се треба да знаете за Стартап Викенд Скопје!
2. Теди Пејовски – How to pitch – perfect?
3. 3P Dev – Како да победите на Стартап Викенд Скопје
4. Петар Ниновски – Како да дојдете до вашата прва инвестиција
5. Нина Николиќ – Вмрежување и партнерства: Зошто се клучен дел од успехот на секој бизнис?
6. Ирена Ефремовска – Како најдобро да ги таргетирате вашите крајни потрошувачи?
7. Михајло Николовски – Финансии и менаџирање на компанискиот буџет
За кого е наменет овој курс?
Стартап Викенд Академија е наменета за сите кои имаат идеја и желба за започнување свој бизнис. Исто така за сите кои се дел од стартап тим кој се наоѓа во развојна фаза. Оваа академија секако е наменета и за сите стартап ентузијасти и поедници кои сакаат креативност и флексибилност во работата.
По заршувањето на Стартап Викенд Академијата вие:
– Ќе дознаете како функционира Стартап Викенд и што се е потребно за да победите на истиот;
– Ќе ги дознаете сите потребни информации за полесен старт на вашата стартап приказна;
– Ќе имате можност да работите на конкретни проблеми со кои се соочувате во целиот процес;
– Можност да се вмрежите со истомисленици;
– Ќе ги дознаете тајните на успешните млади претприемачи од нашата земја;
– Можност да го споделите наученото со вашиот тим, со цел побрзо да напредувате.
Стартап Викенд Академијата ќе трае пет дена по два часа дневно = 10 часа
За повеќе информации и пријавување на академијата дознајте повеќе на Brainster.co
Текстот е преземен со дозвола од Brainster.co
Остави коментар