15-тиот Skopje WordPress meetup ќе се одржи во просториите на ФИНКИ ( Барака 2 ) на 16ти август почнувајки од 18:00 до 20:00ч.
18:00-18:45 Предавање: „WordPress Freelancing 101“
Никола во своето предавање ќе проба да одговори на сите дилеми околу тоа што морате и што никако не смеете да правите доколку сакате да станете успешен WordPress freelancer. Ќе се осврне и на тоа како WordPress заедницата може да ви помогне да се развивате, како WordPresser и како трговец.
Предавач: Никола Штулиќ
Никола е татко на две прекрасни девојчиња. WordPress девелопер заглавен во мајнд сет на професор по математика ( и обратно ). Член на Српската WordPress заедница, организатор на повеќе WordCamp-ови меѓу кои и Европскиот. Предавач, Преведувач, и Професор. Обожава да носи одела.
19:00-19:45 Панел „Како до WordPress кариера“
Панелот ке го води Никола и главна тематика ќе биде начин за започнување на WordPress кариера.
Преземено од Meetup.
Остави коментар