SEDC Business Simulator Challenge Day – Ready, study go! е отворен настан за сите заинтересирани за стипендија за учество во вториот циклус на SEDC Business Simulator.
Бизнис симулатор на Сеавус едукативен и развоен центар е уникатен напреден модел за практично професионално усовршување на студентите во специјална тренинг програма преку нивно директно поставување на конкретна позиција – улога во симулиран бизнис процес под менторство на ИТ компанија.
Целта е преку учеството во оваа програма да се постигне искуствено учење студентите подеднакво да ги совладаат техничките барања, но и бизнис логиката на процесите во кои се вклучуваат во иднина и со тоа да го забрза процесот на вработување или професионално ангажирање. Воедно, оваа фаза има за цел да идентификува талентирани млади професионалци и да поттикне иновативни технолошки решенија кај нив.
Бизнис симулаторот функционира како фаза во рамките на 10 месечните програми на Академиите на Сеавус Едукативен и развоен Центар каде учесниците, организирани во функционални тимови влегуваат во систем на бизнис симулација на конкретен проектен циклус под менторство на една од вклучените ИТ компании.
Комплексноста на проектите, степенот на независност и динамиката за следење на напредокот ги одредува компанијата- ментор, а континуирана консултативна, административна и логистичка поддршка обезбедува Сеавус едукативен и развоен центар.
Остави коментар