По повод 5-годишнината на Европскиот месец за сајбер безбедност, ПЕ2020 во соработка со МАСИТ, Пиперевски и Соработници, Т&П Консалтинг и Воената Академија организира настан за промоција на сајбер безбедноста во Македонија, што ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје.

Теми на дискусија ќе бидат:
•Најновите трендови во ЕУ; Директива за безбедност на ИТ системи
•Нови предизвици за заштита на лични податоци
•Развој на настаните од областа на сајбер безбедноста во Македонија
•Стратегии за одбрана при сајбер напади
•Сајбер криминал и сајбер војување
•Како македонскиот ИТ сектор да ја поддржи владата при справување со сајбер напади

Ве очекуваме!


Преземено од Facebook Events.

Остави коментар