ФИНКИ Tech клубот се активира повторно, со серија од практични предавања поврзани со технологиите кои се користат во моментот од страна на индустријата, каде студентите ќе можат да ги научат и применат овие знаења надвор од факултетските обврски. Првото предавање ќе биде REST Fundamentals, oд страна на MCA компанијата.
Краток опис:
Најпрво ќе се запознаеме со што е REST и веднаш ќе започнеме со кодирање на една апликација која нема да биде едноставна, туку реално отсликување на проблеми на некој клиент. Примерот што ќе го преставиме ќе биде таков да ве запознае со барање, преземање и зачувување на податоци во релациона база. Веднаш потоа ќе преставиме како може лесно да се документира нашето API со кое лесно може било кој тим да започне да работи со нашата апликација. Презентацијата ќе ја завршиме со тоа што ќе покажеме како може автоматски да го тестираме нашето решение и да го зголемиме квалитетот на нашиот код.
Предавачите ќе бидат:
– Борис Донев
– Андон Драгоманов
Се гледаме во четврток во 20:00 часот во амфитеатарот на ФИНКИ!
Преземено од Facebook Events.
Остави коментар