Ве покануваме да бидете дел од најголемиот интернационален хакатон во светот во организација на НАСА, NASA Space Apps Challenge 2016, по четврт пат во Скопје и уште во 3 градови во Македонија – Тетово, Охрид и Битола.
Регистрации за Скопје: http://
Регистрации за Битола:http://
Регистрации за Охрид: http://
Регистрации за Тетово:http://
NASA Space Apps Challenge е хакатон кој што поттикнува интернационална колаборација фокусирана на вселенско истражување, во преку 45 саати работа во повеќе од 180 градови во светот, на 6 континенти, а учество ќе земат повеќе од 15000 млади луѓе. Настанот опфаќа колаборативно решавање на проблеми со една цел, да се создадат релевантни “open-source” решенија адресирајќи ги глобалните потреби и проблеми поврзани со животот на земјата и во вселената. Предизвиците ќе бидат објавени на 23 Март, на 6 теми и тоа: Аеронаутика, планетата Земја, Вселенски станици, пат до Марс, Соларен систем и вселенска техонологија.
Хакатонот оваа година покрај креативното ќе потикне и претприемничко размислување кај младите, поради тоа што организацијата во CEE мрежата ќе овозможи акцелерирање, програма и поддршка за реализација и комерцијализација на проектите и по завршувањето на хакатонот.
Изминатата година, еден тим од оваа мрежа освои едно од првите 6 места на глобално ниво и заедно со координаторите присуствуваа на лансирањето на ракета во Kennedy Space центарот, а во 2014 година Скопје беше позициониран како лидер на глобално ниво по прифатени проекти од НАСА, вкупно 30 на број.
Мрежата е координирана од градот Скопје и Њу Менс Бизнис Акцелераторот, а е составена од: Скопје, Охрид, Битола, Тетово, Приштина, Тирана, Белград, Загреб, Љубљана, Копер, Виена, Лос Анџелес, Сан Франциско и Силиконската Долина ќе обезбеди сите учесници од овие градови да можат да создадат свој виртуелен тим, се со цел да креираат подобри и скалабилни производи кои што имаат капацитет да бидат дел од победничките тимови на глобално ниво.
На настанот може да се пријави секој кој што е мотивиран и има пасија да работи на овие проекти, користејќи отворени податоци, а има познавање во делот на развој на веб и мобилни апликации, вселенски технологии, аеронаутика, дизајн, хардвер, софтвер, 3д моделирање, астрономија, географија, анатомија, маркетинг, медицина, бизнис.
Студенти, средношколци, фриленсери, старт-ап тимови, иноватори, креативци и компании ве очекуваме на хакатонот за да направиме победнички тим!
Повеќе информации на : http://
Преземено од Facebook Events.
Остави коментар