Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на два претстојни настани кои ќе се одржат во рамки на
МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ
26-27.09.2017
хотел „Александар Палас“ – Скопје
ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд на ИКТ секторот
26 Септември 2017 (вторник)
Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал.
Целта на проектот е да им помогне на микро, малите и средни компании да бидат подобро усогласени со законската регулатива а воедно да им помогне и на бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции во насока на подобрување на регулативата.
Целта на форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:
Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси) – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/
ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите ќе бидат поканети да земат учество и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Државен инспекторат за труд, претставници од ИКТ приватниот сектор, претставници од факултетите кои образуваат ИКТ кадри и претставници од интернационални организации кои имаат активности во оваа област.
Врз основа на презентациите и дискусиите завреме на Форумот, во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива соодветно ќе бидат подготвени и формулирани конкретни барања и предлози за измени и дополнувања на законските одредби од областа на работните односи и заеднички со партнерите во проектот истите ќе бидат соодветно адресирани до надлежните институции. Учесниците на форумот ќе имаат можност активно да учествуваат во дискусијата со поставување на конкретни прашања, предлози и споделување на свои искуства кои ќе бидат земени во предвид при формулирањето на предлозите.
АГЕНДА – Агендат можете да ја погледнете на следниот линк http://www.seeita.org/
РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА – Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите, институции и организации. http://www.seeita.org/
КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови – 27 Септември 2017 (среда)
Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Конференцијата воедно е поддржана од страна на Министерството за економија преку проект од Програмата за поддршка и развој на кластерско здружување.
Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на ИКТ иновациите поврзани со:
Како компаниите, науката, и државата ефикасно да соработуваат со цел да го подигнат нивото на иновативност во македонските ИКТ компании? (воведна дискусија)
Претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија
Презентации на искуства од други држави во делот на поддршка и поттикнување на иновативноста
Искуства од домашните ИКТ компании преку претставување на иновативни решенија, проекти, методологии и трендови
АГЕНДА – http://www.seeita.org/
РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА – Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација и е отворено за претставници од ИКТ компаниите и други сектори, институции и организации. http://www.seeita.org/
МОЖНОСТИ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И СПОНЗОРСКИ ПАКЕТИ – Доколку сакате да го презентирате вашето решение или успешна приказна информирајте се за можностите за спонзорство и презентација http://www.seeita.org/
Ќе ни претставува чест и задоволство доколку сте во можност да присуствувате на настаните. Ги очекуваме вашите пријави.
Преземено од Facebook Events.
Остави коментар