МАСИТ со задоволство ја најавува својата 16та конференција, која оваа година ја носи темата – DATA AS AN ASSET.
Во рамки на конференциската програма видни интернационални и домашни говорници ќе дискутираат во мултидисциплинарни панели со фокус на следните теми: Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things.
Предвидено е на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.
Датум: 31.10.2019
Локација: Хотел Мериот, Скопје
Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на http://www.seeita.org.
Бидете дел на еден од најголемите ИКТ настани во државата и регионот!
Регистрирајте се тука.
Информации за можности за спонзорство.
Преземено од Facebook Events.
Остави коментар