Македонија на Snapchat е името на работилницата за креативци, цртачи и дизајнери кои ќе помогнат да се креираат Геофилтри на градови, области, знаменитости и настани во Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Public Room во Скопје на 27.2 (сабота) со почеток во 11 и 30 часот. Доколку сакате да учествувате пријавете се тука.

Агенда за работилницата:

11:00 – 11:30 / Пристигнување и кафе
11:30 – 11:45 / Snapchat (Mogul) talk – Митко*
11:45 – 12:00 / Првиот Snapchat геофилтер за Скопје – Маја*
12:00 – 12:15 / Правила, примери и насоки – Гого*
12:15 – 12:30 / Поделба по групи и теми – Гого, Теди
12:30 – 15:00 / Истражување на тема, работилница (пауза по избор)
15:00 – 18:00 / Турбо работилница
18:00 – 19:30 / Последни проверки
19:30 – 21:00 / Презентирање на сработеното*
21:00 – 23:59 / Дружба и забава*

(*На воведот, презентациите и забавата може да присуствува секој!)

Snapchat е една од најбрзо растечките социјални мрежи во моментов во светот. Со својата уникатна можност за споделување на слики и видеа за определен дел секунди, овозможува посебен и интересен начин за споделување било какви моменти. Една од можностите на оваа апликација се геофилтрите. Геофилтрите се специјални налепници до кои се добива пристап само доколку се наоѓате на одредена локација.

Во 2015 благодарение на стартапот G6 Solutions, Скопје се пофали со своите први геофилтри за Snapchat.

Geofilter 2

Остави коментар