Girls in Tech CareerCamp е името на работилницата која ќе биде одржана на 19 март од 13 до 17 часот во Impact Hub во Скопје од страна на Girls in Tech Macedonia.
Работилницата ќе биде оджана од страна на искусни и сертифицирани обучувачи за кариера кои ќе ви помогнат да го започнете процесот на планирање на кариерата преку самооценување, истражување на можности за образование и вработување, поставување на цели, подготовка за вработување и за интервју.
Дали некогаш сте се запрашале сами себеси некои од овие прашања:
Што е следно?
Дали мојот избор e најдобар?
Од каде треба да започнам?
– Доколку се имате, оваа работилница е вистинското место за вас.
На работилницата ќе бидат опфатени следните теми:
1. Визија
2. Самооценување
3. Истражување
4. Поставување на цели
5. Подготовка за работа (кратка биографија и интервју)
За да земете учество на работилницата треба да се регистрирате на следниот линк.
- Жаклина Гештаковска-Алексовска – GCDF сертифициран кариерен советник, основач и член на Управниот одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК), тренер и фацилитатор со 20 годишно искуство.
- Марија Коваческа – е сертифициран кариерен советник во согласност со методологијата на GCDF, со 16 години работно искуство. Во последните 4 години таа работи на советување за кариера со студенти и невработени лица како меѓународен сертифициран советник за кариера.
- Славица Божиновска – е GCDF сертифициран кариерен советник со повеќе од 10 години професионално искуство во управување со човечки ресурси и други менаџерски позиции во Македонски и меѓународни компании. Таа има одржано повеќе од 40 сесии за советување за кариера за групи и поединци.
Остави коментар