StartQube е летен камп за млади претприемачи и стартапи кои се заинтересирани за да добијат целосен пакет на знаење за развивање на идеја во бизнис. StartQube се состои од наменски развиена програма која е внимателно направена за покривање на секој дел од развојот на една идеја во бизнис.

Во текот на програмата, учесниците ќе имаат единствена можност да живеат и да комуницираат секојдневно со нивните ментори, на неформален начин. Тоа ќе обезбеди максимален пренос на знаење и совети за учесниците, а не само за време на практични работилници туку и во текот на целото време поминато заедно.
Програмата е составена од повеќе практични работилници и сесии кои ќе опфатат сè, почнувајќи со проверка на идејата, изработка на бизнис план и модел, анализа на пазарот, пристап кон клиентите, пристап до инвестиции, итн.

Настанот ќе се одржи во Велестово (Охрид), во период од 20 до 25 август. Цената за учество на кампот е €100.

За повеќе детали во врска со настанот, ве молиме испратете е-маил на [email protected]

Остави коментар