Challenge Day е ден за тестирање на 3 целосни и 2 полу – стипендии за SEDC Академии 2016/2017 (Програмирање, Компјутерски Мрежи и Дизајн) од кои:
– 1 целосна стипендија за Академија за Веб Програмирање
– 1 целосна стипендија за Академија за Компјутерски Мрежи
– 1 целосна и 2 полу-стипендии за Академиите за Дизајн ( 3Д Анимација, Веб Дизајн и Графички Дизајн)

Прашањата ќе бидат на англиски јазик.
Тестирањето ќе се одвива електронски со 20-40 прашања (зависно од изборот на насоката)
Прашањата ќе бидат според изборот на насоката, дел поспецифични, општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите.
Секој учесник има право да се тестира само за една насока од SEDC Академии 2016/2017.
Доколку резултатите се поклопуваат, ќе биде вклучено во предвид и времето потребно за решавање на тестот.
Резултатите ќе бидат објавени истиот ден по завршетокот на тестирањето.

Пријавувањето за Challenge Day е бесплатно со регистрација на следниот линк: https://goo.gl/LLDv0r

Повеќе информации за наставната програма видете на: Наставна програма – https://goo.gl/GYRrdz
Брошура – https://goo.gl/CvRsX7

Во меѓувреме имате можност да не посетите, да се запознаете со тренерите и да присуствувате на тековните часеви на Академиите!

Повеќе информации на: 078 499 462; 3097 404 и
sedc@seavus.com


Преземено од Facebook Events.

Остави коментар