Фондацијата Метаморфозис и Мисијата на ОБСЕ во Скопје упатуваат повик за пријавување учесници за обуки за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали. Целта на обуката е да придонесе кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.
Обуката ќе се одржи на 20 октомври (вторник) во Струмица, хотел Сириус со почеток во 10:00 часот.

Обуката е еднодневна, а целокупните трошоци за учеството ќе бидат покриени од страна на организаторите. За учесниците кои ќе доаѓаат од други места ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Бројот на учесници е ограничен. Селекцијата на пријавените кандидати, претставници на веб-портали и други медиуми, ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Во случај да се пријават повеќе кандидати од капацитетот на одбраната обука, тие ќе може да учествуваат или на наредните обуки од циклусот, или ќе бидат поканети на учество на наредни настани од сличен вид.

Ги покануваме заинтересираните кандидати да го пополнат следниот онлајн-формулар (http://goo.gl/forms/DBa4t22HPA) најдоцна до 19 октомври, по што ќе бидат контактирани од тимот на Метаморфозис за потврда на нивното учество. За сите дополнителни информации може да се обратите на соработничката Адријана Селмани, по е-пошта на: adrijana@metamorphosis.org.mk или телефонски на бројот 02/3109 325.

 

Преземено со дозвола од Metamorphosis

Остави коментар